еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Хамас бара ослободување на сите палестински затвореници во замена за заложниците

Военото крило на Хамас соопшти дека е подготвено да ги ослободи заложниците киднапирани во нападите на израелска територија во замена за ослободување на сите палестински затвореници во израелските затвори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хамас држи од 200 до 250 заложници, бара ослободување на 6.000 Палестинци од израелските затвори

(Видео) Објавено прво видео од заложничка која ја држи Хамас

– Цената што мора да се плати за големиот број непријателски заложници во наши раце е да ги испразнат затворите со сите палестински затвореници, рече портпаролот на Хамас Абу Обеида во видео изјава објавена на ТВ каналот Ал Акса на Хамас.

Се верува дека Хамас и другите палестински екстремистички организации држат околу 230 заложници киднапирани за време на нападите на 7. октомври во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, Израелци и луѓе со двојно државјанство, вклучувајќи жени, деца и стари лица, јавија израелските медиуми.

Според претходни извештаи, во израелските затвори има околу 6.000 Палестинци.

Хамас досега ослободи две Американки, мајка и ќерка и две Израелки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хамас ослободи две Израелки на возраст од 83 и 85 години

(Фото) Хамас ослободи две Американки, мајка и ќерка

МИА/Фото: Shutterstock

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: Епидемијата забавува, но стапката на смртност од Ковид-19 останува висока

Редакција

(Фото) КОД го исцрта бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри

Редакција

Комерцијална не ги објави примањата на Фатмир Етеми, член на НО, кој купи 500 акции на Банката

Редакција