еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците на Левица поднесоа Декларација за солидарност со палестинскиот народ

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието, поднесоа Предлог-Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација, информираат од партијата.

-Во Декларацијата составена од девет точки, која се темели на неколку меѓуанародни акти и резолуции на Обединетите Нации, меѓудругото се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките на апартхејт имплементирани врз палестинскиот народ.

Во Декларацијата се бара од Владата на РМ да ја признае независната држава Палестина и да воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади, а од претседателот на Републиката се бара веднаш да го отповика македонскиот амбасадор во ООН, кој гласаше воздржано за Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за заштита на палестинските цивили, како и вклучување на припадници на АРМ во мировните мисии на ООН за пружање хуманитарна помош на Појасот Газа.

Со оваа Декларација, пратениците на Левица, му предлагаат на Собранието на РМ, како уставен носител на законодавната власт и средиште на парламентарниот плурализам, да го изрази својот политички став за неприфатливите, нечовечки и страотни сцени на масакри и колективна траума кои секојдневно доаѓаат од разурнатата Газа, осудувајќи ја илегалната израелска окупација на палестинските територии.

Сметаме дека нормативниот текст на Декларацијата во склад со традицијата на југословенската дипломатија и истиот е прифатлив за сите политички чинители застапени во македонскиот парламент, а ова особено во духот на интернационализмот и меѓународната солидарност, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија гласала воздржано за резолуцијата за прекин на огнот во Газа, оти не бил спомнат терористичкиот напад на Хамас

(Фото) Македонија била воздржана за резолуцијата на ОН за итно примирје во Газа

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како Пендаровски ја пречека унгарската колешка Новак

Редакција

Во пожарот кај Велес изгоре 200 хектари борова шума, дел од железничка пруга, свињарска фарма и викендичка

Редакција

За влез во Србија преку Табановце се чека подолго време поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам

Редакција