еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре пообилни врнежи, локални грмежи и повремено силен ветер

Утре времето ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец, над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови.

Врнежите ќе продолжат во ноќните часови и во сабота, кога ќе бидат пообилни, на повеќе места над 30 литри на метар квадратен, а наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.

Температурите ќе се задржат релативно високи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жители на Грчец насилно приклучиле струја и направиле хаварија и огромна штета, ЕВН е на терен

Редакција

Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

До петок сончево и топло време, од сабота дожд и заладување

Редакција