еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 72 случаи позитивни на корона вирусот, еден починат: Досега вкупно 555 заболени

Нови 72 случаи на корона вирусот се регистрирани во последните 24 часа во земјата, едно лице е починато, а три лица се излекувани и денеска заминуваат од Клиниката за инфективни болести, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Починатото лице е маж од Лабуништа, Стушко на возраст од 63 години донесен на Клиниката со тешка клиничка слика и починал неколку часа по приемот.

Од новодијагностицираните во Скопје се 14, Куманово – 21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

„Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни“, наведува Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 235, Куманово -114, Дебар – 49, Штип-19, Прилеп –33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 2, Радовиш -3, Крушево – 2 и Кочани – 14.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирусот само во Прилеп затвори две компании

Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за корона вирусот

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Детален преглед: Најголем број од новозаболените од корона вирусот во Струга и Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гоце Делчев да биде Македонец во регионална смисла, а во етничка Бугарин: Ова е предлогот на Софија тврди Милошоски

Редакција

(Видео) Трагедија вечерва во Тетово: Страотен пожар во ковид-центарот, има и жртви

Редакција

Од ВМРО ДПМНЕ повторија дека незнаат каде е нивниот почен претседател Груевски

Редакција