Македонија не е помеѓу 138. земји кои ја имаат признаено Палестина, чиј дел Појасот Газа, деновиве е цел на постојани копнени и воздушни напади од страна на Израел.
На мапата со зелено се прикажани земјите кои ја признале, а со бело земјите кои не ја признале Палестина како држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел
Државата Палестина беше официјално прогласена од страна на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) на 15. ноември 1988 година, тврдејќи дека има суверенитет над меѓународно признатите палестински територии: Западниот Брег, кој го опфаќа Источен Ерусалим и Појасот Газа.
Меѓу Г20, девет земји (Аргентина, Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Турција) ја признаа Палестина како држава (Индонезија и Саудиска Арабија само ја признаваат Палестина), додека десет земји (Австралија, Канада , Франција, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави) не.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел
Мапа: Википедија/фото: Унсплеш