еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел

За неколку дена замрзнатиот вечен конфликт помеѓу Палестина и Израел се одмрзна вознемирувачки и страшно.

Прво палестинските милитанти на Хамас извршија невиден масакар на претежно цивилно население, а Израел потоа возврати со иста мера, и повторно најмногу страдеше цивилно население.

Никој неможе со сигурност да предвиди до каде ќе стигне овој конфликт овојпат и никој неможе да гарантира дека нема да се прошири на Блискиот исток, што секако ќе има големи последици за целиот свет, кој и без овој конфликт веќе е на ивица од Трета светска војна.

За да се сфати овој конфликт треба да се знаат причините за истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Како од Палестина остана само Газа и Западен брег

Палестина е официјално призната како држава од страна на Обединетите нации (ОН) и други субјекти, која ги опфаќа териториите на Западен Брег (West Bank), окупиран од Израел, (граничи со Израел и Јордан ) и Појасот Газа, на пат повторно да биде окупиран од Израел, (граничи со Израел и Египет) со Ерусалим како назначен главен град, иако неговиот административен центар моментално се наоѓа во Рамала.

Целокупната територија за која се тврди дека ја опфаќа Државата Палестина била окупирана од 1948 година, најпрвин од Египет и Јордан, а потоа и од Израел по Шестдневната војна во 1967 година.

Палестина има 5.051.953 жители заклучно со февруари 2020 година.

По Втората светска војна, во 1947 година, Обединетите нации усвоиле План за поделба на Британска Палестина, препорачајќи создавање на независни арапски и еврејски држави и интернационализиран Ерусалим.

Овој план за поделба бил прифатен од Евреите, но Арапите го отфрлиле.

Подоцна, владата на сите палестини била основана од Арапската лига на 22. септември 1948 година за да управува со енклавата под контрола на Египет во Газа.

Наскоро земјата била призната од сите членови на Арапската лига, освен од Трансордан.

Иако надлежноста на Владата била прогласена за покривање на целата поранешна Британска Палестина, нејзината делотворна јурисдикција била ограничена на Појасот Газа.

Израел подоцна ги освоил Појасот Газа и Синајскиот Полуостров од Египет, Западниот Брег (вклучувајќи го и Источен Ерусалим) од Јордан и Голанските Висорамнини од Сирија во јуни 1967 година за време на Шестдневната војна.

На 15 ноември 1988 година во Алжир, Јасер Арафат, (познато име и на македонската јавност) претседател на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), прогласи формирањето на Палестинска Држава.

Во Осло во 1993 година, е формирана Палестинската национална управа за управување со областите А и Б на Западниот брег и Појасот Газа.

Две години по одвојувањето на Газа од Израел, со Појасот од 2007 година владее Хамас.

Подетално инфо на Википедија, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Газа пред и после нападите од Израел

Најмалку 45 фамилии во Газа останаа без ниту еден член по нападите на Израел

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Фото: Унсплеш/Илустрација: ТРТ Балкан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина предизвика „совршена бура“ од глобални кризи, кои можат да донесат хаос, предупредуваат од ОН

Редакција

Секогаш зависи од која перспектива гледате: Ковачевски за песимизмот на Црвенковски за ЕУ

Редакција

(Видео) Грција во шок: Мајка се сомничи за убиство на три нејзини деца, соседите сакаа да ја линчуваат

Редакција