еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Грција во шок: Мајка се сомничи за убиство на три нејзини деца, соседите сакаа да ја линчуваат

Последниве недели во Грција, една од топ темите е жена од Патра, која деновиве е уапсена за убиство на нејзината прва ќерка, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Во рок од три години, починаа сите три деца на гркинката Рула Писпиригку (33), што ја вознемири грчката јавност, која се сомнева дека сите три деца се убиени токму од Писпиригку.

Јавното обвинителство соопшти дека ќе ја гони кривично за убиство од прв степен на нејзината прва ќерка Џорџина, и од таму посочија дека убиството било планирано, објавија грчките медиуми.

Синоќа пред нејзината куќа во Патра се собраа жители на градот, кои напишаа „Смрт„ на вратата, а местото го обезбедуваше полиција.

Џорџина имаше 9 години и почина во јануари годинава во детска болница во Атина.

Минатата недела и беше направена токсиколошка анализа и во нејзиното тело беше откриен кетамин, анестетик кој може да биде смртоносен во големи дози, кој не бил вклучен во третманите на лекарите.

Другата ќерка Малена, почина на возраст од 3 години во 2019 година, а синот Ајрис, која имаше само шест месеци, почина во 2021 година.

Обвинителството во Патра отвори истрага за смртта и на двете други деца.

Не е јасна улогата на таткото во овој случај.

Грција не памти вакво злосторство, пренесува дописникот на еМагазин.

Фото: Фејсбук/Видео: The Best Portal

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 259 болни од Ковид-19

Редакција

Нови 726 случаи на Ковид-19 од 3.144 тестирања, во Скопје 367

Редакција

Каков имот пријавил директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски

Редакција