еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Колку граѓани во Македонија од 2012 до 2021 починале поради загадување на воздухот

Извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), откри дека во Македонија од загадување на воздухот во 2021 година починале 5.600 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во 2021 година 5.600 граѓани во Македонија починале поради загадувањето

Истиот покажува дека во периодот од 2012 до 2021 година, најголемо зголемување на бројот на починатите поради загадувањето има во периодот помеѓу 2020 и 2021 година, со раст од 31%.

Во 2012 година поради загадување од PM2.5 честички починале 3.000 лица, поради загадување со азот диоксид (NO2), 210, а поради краткорочната изложеност на озон (О3), 130 лица, или вкупно 3.340, покажува извештајот.

Во 2013 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 3.360 лица, поради загадување со NO2, 210, а поради краткорочната изложеност на озон, 100, или вкупно 3.670.

Во 2014 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 3.060 лица, поради загадување со NO2, 60, а поради краткорочната изложеност на озон, 50 или вкупно 3.170.

Во 2015 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 3.000 лица, поради загадување со NO2, 110, а поради краткорочната изложеност на озон, 90 или вкупно 3.200.

Во 2016 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 3.400 лица, поради загадување со NO2, 110, а поради краткорочната изложеност на озон, 70 или вкупно 3.580.

Во 2018 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 3.000 лица, поради загадување со NO2, 130, а поради краткорочната изложеност на озон, 50 или вкупно 3.180.

Во 2019 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 3.400 лица, поради загадување со NO2, 120, а поради краткорочната изложеност на озон, 90 или вкупно 3.610.

Во 2020 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 3.800 лица, поради загадување со NO2, 290, а поради краткорочната изложеност на озон, 180 или вкупно 4.270.

Во 2021 година, поради загадување од PM2.5 честички починале 5.000 лица, поради загадување со NO2, 400, а поради краткорочната изложеност на озон, 200 или вкупно 5.600 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најголеми должници кон УЈП: „ТЕ-ТО“ со долг од 11 милиони евра убедливо на врвот

Редакција

Каков имот пријавила Павлина Црвенковска, претседателката на Судскиот совет

Редакција

„Дигер“ доби тендер на ЕСМ за помошна механизација во РЕК Битола вреден 1,1 милиони евра

Редакција