По четири години во затвор, Бојан Јовановски – Боки 13 е пуштен на слобода.
Поради влошената здравствена состојба тој доби прекин на казната. Кривичниот суд во Скопје ја донел одлуката врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот јавен обвинител, во рамки на иста постапка, и врз основа на комплетната медицинска документација за неговата здравствена состојба.
Додека беше во затвор на Јовановски му беше извршена операција, со која му беше отстранет желудникот.
Тој беше осуден на затворска казна од девет години за случајот „Рекет“, за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
За случајот „Меѓународен сојуз“, невладината организација на која беше претседател, има првостепена пресуда со затворска казна од дополнителни девет години за делата измама и перење пари, а оваа пресуда не е правосилна.
Фото: Боки 13/Инстаграм