еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Два дена ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска

Веќе два дена нема ни трага, ни глас од 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Полицијата ја продолжува потрагата по нејзе, граѓани почнаа да се саморганизираат за да ја најдат, а во нејзината потрага се вклучи и Ловечката федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Ловечката федерација се вклучи во потрагата по Вања Ѓорчевска

Потрагата по Вања е во тек: Апел до сите што имаат дуќани со видео надзор, во реонски потег од Фонтана-парк, Дебар маало, Силбо и Буњаковец

МВР ги проверува камерите во околината каде исчезна, со помош на нејзиниот мобилен телефон, кој веќе два дена е недостапен, се анализира каде се движела, а полицијата разговараше и со неколку лица кои имале контакти со нејзе.

Објавена е и официјална потерница со нејзин опис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР објави фотографија и опис од исчезнатата Вања Ѓорчевска

Истрагата е на највисоко ниво, велат од МВР за исчезнатата малолетничка

Таа последен пат беше видена во Дебар маало на патот до училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, а за нејзиното исчезнување на Фејсбук информираше нејзината мајка.

Ѓорчевска е облечена во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот.

За било какви информации јавете се на 075 400 816.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) 14-годишната Вања Ѓорчевска не е единственото дете кое го бара МВР, активни се потерници за уште шест малолетници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во КАМ се врши инспекциски надзор, се работи за редовна контрола, велат од ланецот маркети

Редакција

Уставен ја отфрли иницијативата за бугарскиот клуб “Иван Михајлов”, оти тој веќе не постои

Редакција

Започна судењето за организаторите на упадот во Собранието: Русковска вели дека сите обвинети се дел од мозаикот за „крвавиот четврток“

Редакција