еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Руските и белоруските спортисти ќе можат да учествуваат на Летните олимписки игри во Париз

Руските и белоруските спортисти ќе можат да учествуваат на Летните олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат следната година.

Ним по инвазијата на Русија на Украина им беше забрането учество на меѓународни натпреварувања.

Интернационалниот олимписки комитет соопшти дека на руските и белоруските спортисти кои ќе се квалификуваат за завршните натпревари ќе им биде дозволено да учествуваат на Игрите под услов да настапат неутрално – без знамиња, амблеми и химни.

Претставниците во екипни спортови од овие земји, спортистите кои активно ја поддржуваа војната, како и спортисти кои се ангажирани во армијата или државните безбедносни агенции на Русија и Белорусија, ќе бидат исклучени од Игрите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветнаесет години подоцна: Се сеќаваме ли што пишува во Рамковниот договор?

Редакција

Нови правила за патување во Европска унија: Ковид-сертификатите ќе важат само девет месеци

Редакција

Со раката положена врз 127 години стара Библија, Џо Бајден положи заклетва како нов американски претседател

Редакција