еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Нови правила за патување во Европска унија: Ковид-сертификатите ќе важат само девет месеци

Од утре, 1 февруари, на сила стапуваат нови правила за патување со ковид сертификати во Европската Унија, а сертификатот ќе важи девет месеци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие правила важат само во случај на патување и транзит меѓу земји, додека за внатрешна употреба важат правилата на самата земја.

Европската комисија им налага на сите земји-членки во ЕУ да ги приспособат правилата за ковид сертификатот во случај на патување. Сертификатите за вакцинација ќе важат 270 дена, или девет месеци, од последната доза на примарната серија на вакцинација.

Во случај на вакцина со една доза, девет месеци од дозата, во случај на вакцините со две дози ќе се сметаат девет месеци од втората доза. Овие правила не важат за бустер дозите, нагласува Европската комисија.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, објасни дека новите ЕУ правила за рокот на траење на сертификатите за вакцинација во контекст на патување во ЕУ го одразуваат фактот што ефикасноста на вакцината се намалува со тек на време, поради што е важно да се прими бустер доза.

– Со поддршка од експертите од Европскиот центар за спречување и контрола на болести и Европската агенција за лекови, Комисијата од блиску ќе следи дали ќе бидат потребни дополнителни приспособувања на правилата – додаде Рејндерс.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) „Падна“ Азовстал, последниот бастион на отпорот против руската армија во Мариупол

Редакција

„Дојди, сама сум, ќе скенираме фискални“: Твитер реакции за повратот на ДДВ

Редакција

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи кон обвинението за сопственикот на порталот „Доказ“

Редакција