еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата од ноќеска на полноќ поевтини за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) соопшти дека цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 78,5, Еуродизел БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,572 денари.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 6,306 отсто, кај дизелот за 5,591, кај екстра лесното масло за 5,787 и кај мазутот за 5,969 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,153 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пародија на протоколот за свадби: Свекрвата задолжително да биде на дистанца од снаата 100 метри

Редакција

Посебен сообраќаен режим, поради чествување на раѓањето на Гоце Делчев

Редакција

На возраст над 50 години, 7 хоспитализирани: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција