еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од денеска нова цена на мазутот, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која од денеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 18. декември 2023 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) остануваат исти.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,017 ден/кг и сега ќе изнесува 41,937 ден/кг.

Еуросупер БС – 95, и понатаму ќе се продава по цена од 76,50 денари/литар, Еуросупер БС по цена од 98 78,50, Еуродизел БС (Д-Е V) по цена од 73 денари/литар, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по цена од 72,50 денари.

Од РКЕ информираа дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,559%, кај дизелот за 5,356%, кај екстра лесното масло за 5,376% и кај мазутот зголемувањето е за 4,742%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог – законот за амнестија за насилството во Собрание не помина на владина станица

Редакција

Во МНТ гостува монобајката „Презимето на розата“ во изведба и режија на Оливера Балашевиќ

Редакција

“Имавме време колку да излеземе преку прозорецот“: Сведоштво на жена која со сопругот се спасила од пожарот во ковид-центарот во Тетово

Редакција