Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски денеска беше повикан во Делегацијата на Европската унија во Скопје по последните случувања во М-НАВ.
„Ни дадоа поддршка за сите дејствија што ни стојат на располагање. Жално е што ова одекна насекаде,“ рече Тасевски.
Посочи дека се известени сите синдикати од Европа со кои соработуваат и дека во знак на поддршка се организира посета на нивни претставници на земјава. Известена е и Светската органзација на контролори на летање и меѓународни организации.
„Ова веќе ги поминува гранциите од нашата држава, бидејќи очигледно е дека ако останеме во рамки на нашата држава, не ја добиваме потребната поддршка во однос на она што треба да се направи за да бидеме професионална контрола на летање,“ рече Тасевски.
Ги повтори следните чекори на синдикатот и најави дека доколку не се испочитуваат, од 10. јануари ќе биде затворен воздушниот простор над државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беким Незири на распит во полициска станица по упадот на лица во објектот на Контрола на летање
Обвинителството чека кривична од МВР за нападот во Контролата на летање