еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Клиниката „Жан Митрев“ овозможи лекарски прегледи во склоп на тест центарот за Ковид-19

Со цел да излеземе во пресрет на што поголем број на засегнати граѓани кои се позитивни на коронавирусот, креиравме можност и за преглед од лекар по претходно закажан термин, соопшти Клиниката „Жан Митрев“.

„Нашата амбуланта во склоп на Ковид-19 тест центарот работи од понеделник до петок од 8 до 20 часот, а за време на викендите од 8 до 14 часот. Овде освен тестовите за утврдување на присуство на Ковид-19, можете да направите и комплетна лабораторија, или рендген на белите дробови со што се добива целосна и реална слика за здравствената состоба.

Сите оние пак кои имаат потреба од дополнителни појаснувања, одговори и препораки врзани со нивните Ковид-19 резултати и состојба, можат да ја одберат услугата: преглед за пациент со ковид и да закажат во нашиот контакт центар на 02/3091-484 и да дојдат на закажаниот термин.

Оние кои не сакаат да ја напуштаат удобноста на својот дом можат за закажат консултација која ќе се одвива виртуелно.

Веруваме дека брзата и навремена дијагностика и понатаму ќе биде есенцијална алатка во правилното справување со кризата“, велат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мицкоски: „Утринско искачување на Водно“

Редакција

Граѓаните не веруваат во ниту еден политичар, Мицкоски со најголем рејтинг: Анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Редакција

Заев не е повеќе премиер, Собранието ја констатираше неговата оставка и на Владата

Редакција