еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Ивана и Јулија Кнез заштитни лица за кампањата La Vita è Bella

Ќерката Ивана и мајката Јулија Кнез потпишаа договор за заштитни лица за камапњата за убавина La Vita è Bella. Со овој проект тие ќе направат комплетна трансформација и ќе бидат пример за секоја жена која треба да се грижи за своето здравје и убавина. За оваа кампања ќе се погрижат тим на доктори од дерматолошко естетска ординација Вивидерм.

„Животот е убав кога си дел од модната индустрија, но исто така животот е прекрасен кога си во рацете на професионалци кои ќе направат естетски да изгледате убаво. Со задоволство јас и мојата мајка Јулија прифативме да бидеме дел од овој проект се со цел да се покажеме дека се грижиме како жени за својата кожа и тело“ вели Ивана Кнез, моден дизајнер и сопственик на Драма Студио.

Ивана и Јулија Кнез ќе бидат ангажирани во текот на целата година и постепено ќе направат промени на себе од страна на докторите.

„Кампањата е едукативна дека жените треба постојано да се грижат за себе, не само кога има одреден естетски проблем. Избравме две дами од различни генерации кои знаат што сакаат“ додава, д-р Вангел Битољану, дерматолог од дерматолошко естетска ординација Вивидерм.

Во привиот серијал на La Vita è Bella Ивана Кнез прави епилација односно отстранување на влакната на задниот дел од вратот а нејзината мајка, Јулија Кнез ги корегираше усните со филери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров стигна да се слика и со легендарната Клаудија Кардинале

Редакција

Колку „мајмунските сипаници“ се опасни по здравјето: Кои се симптомите и како се пренесуваат

Редакција

Од ЦУК апелираат до возачите вечерва да се избегнуваат планинските превои

Редакција