еМагазин
Image default
Македонија

Герамитчиески: Набавката за блиндираното возило на МВР копирана од каталогот на „Мерцедес“

Јавниот повик за набавка на блиндирано возило за потребите на Министерството за внатрешни работи ги содржел истите параметри со достапните каталози за мерцедес С600, вклучувајќи ги и техничките грешки од каталогот. Ова го посочи вештото лице Тале Герамитчиески на денешното судско рочиште за предметот „Тенк“ во кој се води одвоена постапка против обвинетата поранешна министерка Горана Јанкуловска.

Тој на прашање на адвокатката Тања Алексиќ рече дека сличностите во јавната набавка и во каталогот биле толку очевидни што тие, како што рече, направиле copy paste.

– Од наведените извадоци на техничките карактеристики  од тендерот заклучив дека само кај мерцедесот С600 доаѓаат до 100 проценти точност називите наведени во јавната набавка, а кај возилата „ауди“ и „БМВ“ имаат слични функции, рече Герамитчиески.

Тој за да одговори на наредбата на СЈО користел компарација со каталозите на „Мак аутостар“, „М-кар“ и „Порше“.

Герамитчиески посочи дека мерцедесот С600 спаѓа во категоријата на луксузен модел, а во периодот на набавка конкуретни му биле „бентли“ и „астон мартин“, но во конкуренција на блендирани возила му парирале „ауди“ и „БМВ“.

Претходно, сведочеше и Дејан Митревски-Урко, шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски кој рече дека возилата кои ги користеле за ВИП личности биле многу стари и оти во случај на дефект најчесто позајмувале возила од претседателот на Собранието, претседателот на државата и министерот за внатрешни реботи. Тој посочи дека и возилото во кое се возел тогашниот претседател на Владата било во лоша состојба – двапати откажувала хидрауликата на воланот, имало проблеми со менувачот, а паѓале и вратите од шарките и морале да ги носат на поправка.

Рочиштето продолжува утре со сведочење на вешто лице.

На претходните рочишта во раздвоената постапка  за „Тенк“ беа изнесени материјални докази и сослушани сведоци. За истиот предмет веќе има обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Продолжен викенд: Километарски колони на границата со Грција

Редакција

Владини членови биле во контакт со Заев, од неговите резултати зависи дали ќе се тестираат

Редакција

Заев не дава оставка од премиерската функција, прво да завршиле преговорите со Алтернатива и Бугарија

Редакција