еМагазин
Image default
Локално

Штипската болница доби нова медицинска опрема

Клиничката болница во Штип доби нова медицинска опрема – лапараскопска и ендоскопска опрема, нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди и цисто-уретроскопски сет.

Новата лапараскопска и ендоскопска опрема во вредност од 11 милиони денари е набавена од Министерството за здравство.

Станува збор за апаратура што ќе ја користат специјалистите на хируршко, неврохируршко, ортопедско и уролошко одделение за минимално инвазивни процедури.

Ова ќе допринесе за помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, пократок престој во болница, побрз опоравок на пациентите, како и многу подобри резултати отколку отворените хируршки интервенции.

Набавен е и нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди за испитување на абдомен и тироида во вредност од 2.5 милиони денари.

Со пари од буџетот на Министерството е обезбеден и цисто-уретроскопски сет во вредност од 433 илјади денари.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Приведени двајца дилери на дрога: Пронајдени хероин, марихуана, кокаин, хашиш, екстази…

Редакција

Кавадарчанка обвинила познаник дека ја силувал во нејзиниот дом

Редакција

Битолчанка наседна на измамата со огревни дрва

Редакција