еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Спасувачка акција на Шар Планина: Планинар се повредил во подножјето на Титов Врв

Во Центарот за управување (ЦУК) со кризи денеска околу 14 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, е добиен повик за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан.

„Планинарот се повредил кога се симнувал со својот другар по источната страна кон месноста „Мал Турчин“. Двајцата биле последни од групата со којашто одел.

Заостанале малку и најверојатно, брзајќи за да ги стигнат колегите, едниот од нив се лизнал и опасно ја повредил ногата, за којашто не се знае дали му е скршена или само повредена, а и општо му се лошело после лизгањето.

Местото на настанот е пекрасен предел, но е далеку горе на планината, до каде што треба повеќе од три, четири или повеќе часови да се стигне, под услов веднаш да тргне специјализиран спасувачки тим, што се во ниските делови од пределот. Но, во конкретниот случај соработката и меѓусебната координација на институциите, службите и приватните фирми овозможи да се пронајде многу брзо решение и на помош бил употребен „ратрак“ на приватната фирма „Ескимо Фрирајд“, велат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Миравци одгледувал 60 стебла марихуана во атарот на селото

Редакција

Регулативата на ЕУ, што ќе стапи во август, забранува споделување верска и етничка припадност, порача евроамбасадорот Гир

Редакција

Го тепал пред дискотека во Куманово

Редакција