еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Традиционална крводарителска акција во Клиника Жан Митрев, вработените и нивните семејства даруваа крв

Во клиничката болница Жан Митрев се одржа традиционалната доброволна крводарителска акција, информираат од таму.

Вкупно 57 вработени на Клиника Жан Митрев, медицински и немедицински персонал доброволно даруваа крв, а со нив се солидаризираа и членовите на потесните семејства на вработените кои, исто така донираа крв.

Крводарителската акција се спроведува по третпат и е согласно потпишаниот меморандум за соработка за крводарителство со Blood Bank TENK. Акцијата се реализира во организација на Институтот за трансфузиона медицина, Blood Bank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Македонија.

Одржувањето на редовни крводарителски акции во Клиничката болница Жан Митрев и доброволното учество на вработените, ги искажуваат високите етички, хумани и морални вредности на целиот колектив и придонесуваат за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Техномаркет“ го отвори својот нов салон во Аеродром

Редакција

Регистрирај се на megawin.mk и учествувај во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на МЕГАВИН“

Редакција

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Св. Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

Редакција