На 26.09.2018 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека истиот ден околу 03.00 часот во куќа во светиниколско село 17-годишник извршил обљуба врз 13-годишно девојче, информира МВР.
По овластување на Јавен обвинител, во просториите на Центарот за социјални работи Свети Николе, во присуство на стручен тим и родител, бил извршен разговор со девојчето. По документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.