еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е новата претседателка на Антикорупциска

Започна мандатот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Нова претседателка на ДКСК е Татјана Димитровска, која како и претходната Билјана Ивановска, доаѓа од Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Таа вчера со другите членови: Софија Спасова Медарска, Билјана Каракашова Шулев, Бесник Џемаиљи, Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет даде свечена изјава во македонското Собрание.

Која е Димитровска?

Родена е во Скопје во октомври 1977 година.

Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година.

Средно завршила во економско-правното училиште “Арсение Јовков“ во Скопје.

Работно искуство

Во 2004 година била помошник на главниот државен ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Од 2004 до 2005 година била ревизор во Секторот за ревизија на буџетот на Република Македонија.

Од 2005 до 2009 година била ревизор во Секторот за финансиска ревизија во фонодовите и корисниците на фондовите, судски буџет…

Од 2009 до 2015 година била виш ревизор во Секторот за ревизија на законодавната и извршната власт, органите на државна управа, јавните претпријатија, јавна безбедност, судство, јавно обвинителство …

Од 2015 до 2020 година е самостоен ревизор во Секторот за ревизија на законодавната и извршната власт, органите на државна управа, јавните претпријатија, јавна безбедност, судство, јавно обвинителство …

Од 2020 до 2021 година е раководител на одделение – помошник на раководителот за ревизија на Народна банка, носители на законодавната и извршна власт, народен правобранител, Агенција за администрација…

Од 2021 година до сега била помошник на главниот државен ревизор за ревизија на политчките партии, ДКСК, Државната изборна комисија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Луксузни возила “пловат“ во Дубаи: Силен дожд поплави трговски центри и населби и урна патишта

Редакција

Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во Македонија

Редакција

Граѓаните на приватното здравство платиле 18,6 милиони евра, поради немање доволно термини за ковид-тестирање на државно, утврди Државниот завод за ревизија

Редакција