еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Осудени фирмата и сопственикот, што го злоупотребија доктор Пановски за реклама на чаеви

Осудени се фирмата и сопственикот, што го злоупотребија докторот Никола Пановски за реклама на чаеви, информираше тој на Фејсбук.

-Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се осудени со правосилна пресуда.

Конечно, по една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради примоција на чаевите „паразол“ и „хипертеа“ на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова.

Дејан Јовановски, како одговорно лице е казнет со 2.100 евра, а фирмата увозник и дистрибутер Монад плуг ДООЕЛ Скопје со 5.000 евра.

Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци.

Сега продолжувам во граѓанска постапка да барам оштета од 15.000 евра за злоупотребата и душевната болка што ми ја сторија, информира Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски: Злоупотребата со рекламирање на производи продолжува, не ги богатете криминалците, ги поткупуваат тие што треба да не заштитат

Многу луѓе измамени: Пановски злоупотребен во реклама за чај, кој се продава заради фабрикувана препорака од докторот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го признава Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Редакција

Бугарија да ги почитува правата на македонската заедница, и одговори Мицкоски на Јотова, која дава совети за почитување на човекови права

Редакција

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села позитивен на Ковид-19

Редакција