еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Измислен обид за атентат на Курти во Скопје

Македонското Министерството за внатрешни работи демантираше дека имало обид за атентат на премиерот на Косово, Албин Курти, кој деновиве беше на неофицијална средба во Скопје.

Претходно Радио-телевизија Косово објави дека имало план за атентат врз Курти, кој бил подготвуван од „српски структури“, повикувајќи се на косовските безбедносни служби.

Курти пак за косовските медиуми изјави дека имало закани од поединци и структури, кои според него, имаат корени од официјален Белград.

“Кога дојдов до Скопје не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата која ја одржуваме, на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларс Клингбеил”, изјави Курти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кежаровски: Во затворот во Шутка цените на телефоните скокаат и до 1.000 евра кога престојуваат политичари

Редакција

При денешните претреси на СЈО, уапсени пет лица

Редакција

Мицкоски и Заев ќе слават Нова година кај другари

Редакција