Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци лани остварила вкупни приходи од продажба во износ од 3.124,2 милиони денари и истите споредено со истиот период претходната година бележат зголемување од 16%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Зголемувањето на приходите се должи на зголемени приходи генерирани од домашниот пазар за 18% и од странските пазари за 14%.
Зголемените административни трошоци за 11%, трошоците за продажба и маркетинг за 24% и останатите оперативни расходи за 17%, резултираа со оперативна добивка во износ од 336 милиони денари.
Финансиските расходи се зголемија за 15,9 милиони денари.
Остварена е добивка од редовното работење пред оданочување во износ од 297,9 милиони денари и нето добивка по оданочување во износ од 269,2 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоран Јовановски не е повеќе член на Управниот одбор на Тиквеш
Која е Бранка Славеска, новата директорка на “Тиквеш„
Фото: Тиквеш