еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Граѓаните бесплатно и дигитално може да добијат извештај за кредитна изложеност

Народната банка овозможи бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар

„Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки.

За таа цел, Народната банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги uslugi.gov.mk.

Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е uslugi.gov.mk. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна,“ велат од Народна банка.

За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги. Услугата ќе им биде достапна во текот на 24 часа, на македонски или на албански јазик.

Извештајот од Кредитниот регистар ги содржи податоците за вкупната кредитна изложеност на граѓанинот заклучно со последниот датум на податоците со коишто располага Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавина од шпекулации: Пребега ли бегалецот Груевски од Унгарија во Русија, Турција или Азербејџан?

Редакција

Компанијата Дади компани донира гориво за противпожарните возила

Редакција

Енергетскиот гигант Шел се повлекува од Русија, нема да купува нафта и гас од Москва

Редакција