еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Силен земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Македонија

Земјотресот од 5,3 степени утрово околу 4 часот ја погоди Црна Гора, a засега нема пријавено материјална штета и жртви.

Потресот се почувствувал во околните балкански држави, како и во северните и југозападните делови од Македонија.

Според информациите од македонската сеизмолошка опсерваторија, потресот го почувствувале жителите на Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен, со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Послабо бил почувствуван и во Скопје, Куманово и Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Словачка и Унгарија и Бугарија и Чешка бараат изземање од ембаргото за руската нафта

Редакција

(Видео) Актери им одржаа лекција на несовесните возачи

Редакција

Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127

Редакција