еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„ЕВН Онлајн“ освои две главни награди на натпреварот „Награди во е-трговијата“ за 2023 година

ЕВН Македонија го освои првото место во категоријата „Е-Трговец со најдобро искуство за е-плаќање“ и е добитник на наградата „Најдобра веб страна за плаќање на сметки“ за 2023 година благодарение на порталот „ЕВН Онлајн“, кој претставува интегрирани онлјан услуги за корисниците на ЕВН Хоме за олеснето добивање и плаќање на фактурите за електрична енергија, информираат од таму.

Свечениот настан за доделување на наградите и прогласување на победниците се огранизираше од страна на Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.

На натпреварот „Награди во е-трговијата“ учествуваа голем број македонски компании кои преку интегрирање на различни е-услуги во своите функционалности, директно придонесуваат во развојот на дигитализацијата во државата и им овозможуваат на граѓаните значителни олеснувања во секојдневниот живот.

„ЕВН Онлајн“ е активен од 2013 година. Интересот на корисниците постојано е во раст – уште од самиот почеток, но врвот се достигна за време на првите месеци на пандемијата. Во моментов околу 300.000 корисници месечно ги користат услугите за плаќање.

Освен голем број услуги кои ги нуди „ЕВН Онлјан“, како добивање на фактурите по електронски пат, преглед на фактурите во било кое време, пријавување на состојби на потрошувачка и слично, порталот им овозможува на  корисниците да добиваат и потврда за платена фактура на својот е-маил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

266 од случаите со Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција

Вучиќ за Северина мисли се најлошо

Редакција

Од Ковид-19 починале 22 лица, сите со коморбидитети

Редакција