еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Прилепчанка се заканувала дека ќе запали угостителски објект

Прилепчанка синоќа била лишена од слобода затоа што се заканувала дека ќе запали угостителски објект, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Околу 22 часот во ОВР Прилеп, прилепчанецот Т.К., на возраст од 61 година, пријавил дека околу 21.30 часот, во неговиот угостителски објект влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност, прскала по подот и се заканувала оти ќе го запали објектот, појаснуваат од МВР.

Во 22.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 32-годишната прилепчанка, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.

К.И. била приведена во полициска станица Прилеп. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Политички летен распуст: Судбината на СЈО пред пратениците дури на 27 август

Редакција

Проф. Трајковски: Околу 10 или 11 септември бројот на заболени од Ковид-19 ќе се намали на 500 дневно

Редакција

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Редакција