еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е компанијата која од Комерцијална банка го купи имотот на Еуроникел индустри

Турската групација „Јилдирим груп“, преку нејзината холандска компанија „Полиникел холдинг“ склучи договор за купување на имотот на “Еуроникел индустри“ (поранешно “Фени“), кој отиде во стечај, од Комерцијална банка АД Скопје, која стана негов газда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка го продаде имотот на Еуроникел индустри

Која е „Јилдирим груп“

Според информациите кои можат да се најдат на интернет и на официјалната страна на групацијата, „Јилдирим груп“ е семејна групација, која е управувана од браќата Али Риза и Роберт Јуксел Јилдирим.

Групацијата работи во 56 земји на пет континенти, во девет сектори.

Истата е формирана во 1963 година, од покојниот Гарип Јилдирим, кој ја основал компанијата за трговија со градежен материјал „Гарип Јилдирим енд санс“ во Самсун, Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка стана газда на Еуроникел

Што ќе се случи со вработените на “Еуроникел индустри“

Според моменталните најави на работа треба да се вратат сите поранешни вработени во “Еуроникел индустри“.

„Еуроникел индустри“ во 2022 година беше рангирана на 15. место меѓу најголемите компании во Македонија, со приход од 12,4 милијарди денари и добивка од 26,7 милиони денари.

Пред да го преземе Комерцијална банка, сопственик на компанијата беше швајцарскиот фонд ГСОЛ, кој во 2018 година ја купи фабриката „Фени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворен стечај за “Еуроникел индустри“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Прво беше милијардата на Циле, па 8 милијарди инвестициски циклус на Грујо, сега 5 милијарди на министерот и премиер Заев…„: Твитер реакции

Редакција

Заев и Мицкоски утре на лидерска во Собрание за иднината на СЈО и предвремени парламентарни избори

Редакција

Министерката Божиновска тврди дека немала повеќе бугарско државјанство, го имала поради деловни активности во ЕУ

Редакција