Во моментов се одвива изборен криминал на организиран начин. За тој криминал има и докази. Еве ги доказите. Ова е една аудио снимка која што беше доставена до нас во која што СДСМ го прекршува молкот и ги насочува избирачите како да постапат, истакна денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Освен снимката, во текот на вчерашниот и денешниот ден се испраќаат и смс пораки од телефонскиот број 071/290-116. Јавното обвинителство мора уште веднаш да постапи и да утврди кој го поседува и бројот 075/232-352 од каде се јавувале и да извади листинг каде се биле испраќани пораки и кај кого се била вршена агитацијата. Постојат сериозни сомнежи за сторено кривично дело по член 160 од КЗ „Повреда на слобода на определување на избирачите“ за кое што е запишана казна затвор во времетраење од најмалку 3 години.
Почитувани, СДСМ и криминалниот картел на власт телефонски присилува луѓе на гласање со закани и уцени. Во време на молк преку организирани телефонски, Кол-центри, се врши притисок врз граѓани и им се даваат насоки како да постапат. Ова е класична злоупотреба на нивното гласачко право. СДСМ е до толку очаен што дури и лажно се претставуваат и даваат насоки и на членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ во име на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Стоилковски.
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ