На социјалната мрежа Х (Твитер) е објавено видео, за кое се вели дека е од грабеж на маркет во скопско Црниче.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Пензионерот (@Penzionerot) April 2, 2024
На истото се гледа како крадците го изнесуваат сефот од маркетот и го ставаат во црвен автомобил.
Нема официјална потврда за автентичноста на снимката, а грабеж во маркет во Црниче имало во понеделник рано наутро.
-На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на Општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф, стои во билтенот на МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.