еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Трчаме кон менструална правда: Истрчани речиси 100 км, донирани 300 Jessa менструални производи

Најголемиот дрогериски ланец во земјава, dm дрогерие маркт, традиционално учествуваше на Женската трка. Оваа година, учеството на вработените на dm беше со една посебна цел: Борба за менструална правда, информираат од таму.

Од компанијата најавија дека со секој истрчан километар на dm учесничките, тие ќе донираат по 3 пакети со менструални производи. Па така, тие успеаја да придонесат кон тоа да се соберат 300 пакети со менструални производи наменети за социјално ранливи категории жени.

“Години наназад активно вложуваме за подобрување  на животот на ранливите групи сограѓани. Овојпат во центарот на нашето делување е женското здравје, а главна тема за која зборуваме е менструалната правда. Особено нѐ радува фактот што ја креваме свесноста за еден период кој е значаен дел од животот на секоја девојка и жена затоа што менструацијата е знак на созревање и растење, а не причина за срам.

Со оваа донација се надеваме дека правиме значаен чекор кон тоа на секоја девојка и жена да им биде обезбеден еднаков пристап кон менструалните производи и секако да се намалат предизвиците во нивното секојдневие“, изјавуваат од компанијата.

Донацијата на 300 пакети со менструални производи dm ќе го реализира во соработка со Здружението на новинари за човекови права од Скопје, а приматели на донацијата ќе бидат 300 жени од Битола, Охрид, Штип, Тетово, Гостивар и Скопје.

Ова е чекор напред во борбата за менструалната правда во земјава која компанијата ја најави на почетокот на оваа година со намалување на цените на менструалните влошки и тампони од сопствената dm марка – Jessa, велат од таму.

Минатата година, dm своите активности ги насочи токму кон женското здравје. Во рамките на оваа кампања, dm распиша конкурс за пријава на проекти за подобрување на менталното и физичко здравје на жената. Шест од вкупно седумдесет пријавени проекти беа финансиски поддржани со над три милиони денари, помеѓу кои и проектот „Менструацијата не е луксуз“. Преку овој проект ќе бидат донирани над 170 пакети влошки за ученичките во основните училишта во земјава, 100 повеќекратни менструални влошки за жени вработени во текстилни фабрики, како и на други категории на ранливи сограѓани.

Оваа година, dm ја продолжува сеопфатната кампања за женско здравје со уште повеќе активности, со цел да даде уште поголем придонес за позитивни промени во нашата заедница, но и да ја разбуди желбата кај секој поединец да се залага за поздрав живот. Со ова, тие велат дека се надеваат дека ќе ги охрабрат жените да ги предизвикаат општествените норми, да се ослободат од ограничувањата и да ја прифатат својата сила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првото БМВ Х1 од бонус играта “Заврти екоскутер тркало“ ќе се вози низ Тетово

Редакција

(Фото+видео) Јуни е време за „Јуниор деј“ на „Sport Life“

Редакција

Малата Теодора родена со тежина од само 800 грама успешно закрепна и си замина дома

Редакција