еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Да го вратиме звукот во светот на Дамјан

Дамјан е дете со трајно оштетување на слухот, на кој му е вграден кохлеарен имплант (2018 година/2020 реимплантација) за да може да слуша и да го развие говорот.

„Во текот на овие 6 години од денот на вградувањето на имплантот, покрај реимплантацијата, често пати доаѓа до расипување на процесорот поради корозивни промени предизвикани од зголемено потење (3-4 пати во текот на една година).

Моментално на Дамјан, кој е ученик во прво одделение, повторно му е расипан процесорот. Тој сега има појзамено делче за да може да ја следи наставата и да ги слуша своите другарчиња, наставнички и родителите.

Додека го немаше делчето Дамјан скоро 15 дена глув ја следеше наставата, во потполна тишина и се обидуваше да ги завршува секојдневните задачи и активности колку ќе успееше со читање од уста.

За да може континуирано да се овозможи гласовен-говорен развој и понатамошен развој на неговите интелектуални способности и понатамошно школување, на Дамјан му е потребен нов процесор кој има заштита од потење, вода – РОНДО 3 и кој е со висока цена,“ се вели во апелот на ecrowd.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светиот архирејски синод на МПЦ-ОА ги поздрави одлуките на помесните цркви за признавање на нејзината автокфалност и за евхаристиско и канонско општење

Редакција

(Фото) Еди Рама ја „присвои“ Лешница: Водопадите биле дел од убавините на Албанија

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица од Ковид-19

Редакција