Бојан Јовановски – Боки 13 денеска до Основниот кривичен суд во Скопје поднесе барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, за кој заврши во затвор.
Тој на прес-конференција рече дека тој случај не е расчистен, дека сите инволвирани треба да одговараат, а јавноста конечно да дознае што точно се случувало и каде се парите од фамозната чаната „Луј Витон“.
„„Рекет“ не е расчистен, јавноста мора да дознае што се случувало. Зоран Заев тврди дека знаел за “Рекет„ во смисла дека го бранел законот. Заев беше човекот кој комуницираше дирекно со овие лица и беше човек од позиција на моќ кој можел да влијае. Тој е се, само не човек кој го бранел законот.
Заев изврши влијание за Јордан Камчев да го добие пасошот назад и за тоа имам докази. А за парите од „Рекет“, Вилма Русковска и Камчев знаат каде се“, рече меѓудругото тој.
Го спомна и Зоран Милевски – Кичеец, кој истото така беше обвинет за „Рекет“, а призна вина и доби условна казна.
„Зоран Милевски призна вина и го отвори патот за осудителна пресуда. Да го прашате Кичеец денес што признал, тој нема да знае што признал. „Рекет“ не е јасен случај. За овој случај стоеше политичка контелација и тоа се лица кои и денес имаат позиција на моќ и функција“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“
Против него во тек е судењето и за случајот „Меѓународен сојуз„, а на денешната прес-конференција се осврна и на неговата здравствена состојба, поради која излезе од затвор.
„Меѓународен сојуз е укинат и се надевам и барам само фер судска постапка.
Јас моментално сум лице кое е правосилно осудено, но кое доби прекин на издржување на затворската казна поради здраствени причини. Не сакам мојот изглед да биде злоупотребен и јавноста да зборува дека не ми е ништо, туку за моето лошо здравје јас имам целосна документација.
Имам индикации дека најверојатно ќе треба да се прави уште некоја интервенција и вакво нешто не посакувам никому“, рече Јовановски.
Откри и дека му биле вршени притисоци и во пресрет на денешната прес-конференција, но како што рече, воопшто не се плаши и ќе продолжи и понатаму да зборува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13
Фото/видео: Фејсбук/Боки 13