еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Општина Центар организира хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Парк на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на Кара Селовска, информираат од таму.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта и со поддршка на Општина Центар.

Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. Поради сериозни компликации во моментов е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија поради дијагностицирање на нејзината болест.

Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара.

За иста цел Општина Центар ве кани во сабота во Парк на Франкофонија со цел сите ние да и помогнеме на Кара успешно да го заврши лекувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можеме да собереме 20.000 евра: На 12-годишната Кара итно треба да ѝ се дијагностицира ретката болест, а потоа и да се лекува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина, три други се повредени во сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија

Редакција

(Видео) Вучиќ повторно излезе од фрижидер, овој пат во емисија на телевизија „Пинк“

Редакција

Видео со насилство во Скопје ги “зовре“ социјалните мрежи: Кој е виновникот жената или таксистот?

Редакција