еМагазин
Image default
Македонија

„Гардијан“: Резултатот од референдумот во Македонија уште една победа за Путин и Русија

Одбивањето на македонските гласачи да поддржат промена на името на нивната земја на прв поглед се чини дека е прашање од исклучиво локален интерес, пишува угледниот „Гардијан“.

Но, во сторијата се додава дека резултатот од неделниот референдум во пошироки рамки значи уште една важна победа на Владимир Путин, чекор назад за ЕУ и НАТО и уште еден вознемирувачки пример за моќта и вољата на Русија да влијае врз демократските процеси во западните земји.

„Политичките избраници од Западот пред гласањето предупредија дека Москва се обидува да ја намали излезноста со цел исходот да биде неуспешен. Сепак, 90 отсто од тие што гласаа поддржаа промена на името“, пишува „Гардијан“.

Во текстот се вели и дека излезноста била 36 отсто и дека недостига цензусот од 50 отсто, што би го обврзало Собранието да ја продолжи постапката.

„Македонскиот премиер Зоран Заев повика да се продолжи со постапката, но ќе се соочи со тврдиот став на националистичката опозиција. Зголемената нестабилност и поделбата одат во прилог на рускиот план според западните аналитичари“, пишува „Гардијан“.

Во сторијата се додава дека доколку успееше референдумот тоа ќе значеше решавање на спорот со Грција, кој го блокира зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Како и насекаде во Западен Балкан, а посебно во Србија, Косово и Црна Гора. Москва е решена да спречи понатамошно влијание од Западот“, се вели во текстот на „Гардијан“.

Целата анализа ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстично зголемување од 56,4% на бројот на заболени од Ковид-19

Редакција

Прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, велат од Обвинителство

Редакција

(Видео) Касами не само што не се извини и огради, туку си објави и видео на кое се потенцира знамето со карта од „Голема Албанија“

Редакција