еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Учениците загубената настава заради изборите, ќе ја надоместат во работни денови

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8. мај, како и од 30. ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

„Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10. јуни, додека за учениците од основните училишта до 17. јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“ соопштија од МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гасоводот од Грција кон Македонија ќе биде завршен во 2025

Редакција

Македонскиот дел од Историската комисија нема да се согласи на „квази-историски“ аргументи, уверува Пендаровски

Редакција

Приведена скопјанка која им овозможила на возрасни лица секс со малолетнички, при што и ги снимале

Редакција