еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пред изборите можни се нови имиња на „црната листа„ на САД, најави американската амбасадорка Агелер

Пред престојните парламентарни избори во мај, можно е САД да стават нови лица од Македонија на т.н. црна листа, најави во интервју за телевизијата 24, американската амбасадорка Анџела Агелер.

Таа рече дека се разгледуваат голем број на имиња.

„Не знам дали ќе има нови имиња пред 9. мај. Но, постојат шанси да има. Можам да кажам дека голем број на имиња се разгледуваат и дека проценките се прават“, рече Агелер, која уште еднаш посочи дека корупцијата го спречува напредокот во Македонија.

„Искрено, тоа е како рак кој го спречува напредокот во оваа земја. Мора да зборуваме за тоа. Граѓаните на оваа земја заслужуваат да имаат лидери, политичари и функционери во здравството, образованието, во судството и да работат за нив на транспарентен начин. И да ги казнат тие што не ги почитуваат правилата, кои преземаат коруптивни активности за нивна корист“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Рашковски во образложението зошто црногорски бизнисмен е ставен на црната листа на САД

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилија на „црната листа„ на САД

Кој сè освен Самсоненко и Камчева е на црната листа на САД за Македонија

Фото: Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина најмладата медицинска сестра, жртва на Ковид-19 вирусот

Редакција

Пет акции на Македонската берза со најголем пад

Редакција

Ќе се забрза ли изградбата на пругата: Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран”

Редакција