еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Ѓорѓе Давид сака да се сретне со сопругот на жената што ја прегази

Српскиот рок-музичар и член на жирито на српското музичко шоу “Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорге Давид, кој прегази 49-годишна жена од Куманово, која почина, откако ја напушти Македонија, во Белград, Србија одржа прес-конференција на која откри детали за несреќата и за неговата состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓе Давид, кој прегази жена, која почина, ја напушти Македонија

Рече дека секој месец треба да се јавува во Судот во Куманово, а меѓудруго изјави и дека сака да се сретне со сопругот на прегазената жена.

„Едвај чекам да се сретнам со мажот на убиената жена“, рече тој и изрази сочуство до него.

Откри и дека починатата жена неодамна го положила возачкиот испит и дека по несреќата е физички пропаднат.

“Има некои работи во мојата глава кои јас не можам да ви ги прераскажам со зборови. Мислам дека се познава колку сум физички пропаднат и тоа се должи на тоа што не спијам. Тоа се слики кои допрва почнаа да ми се враќаат“, рече тој и додаде дека ослабел пет килограми.

„Првиот шок го добив кога сфатив што се случи. Мојата смиреност е мојата сила. Ослабев пет килограми, јас сум човек кој не ги гледа овие работи однадвор, така сум воспитан“  рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сообраќајката кај Табановце се огласи српскиот музичар Ѓорге Давид: Удрив во пешак

Соопшти и детали за самата несреќа.

„Се се случи во секунда. Јас тргнав да свртам десно, да излезам од автопатот, за да ја одбегнам таа несреќа, па приметив жена во бел капут и се случи тоа што се случи.

Кога застанав со автомобилот, излегов, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек на кој главата му беше отворена, мислев дека удрив во него.

Мене ме однесоа во болница, а потоа ми кажаа дека сум удрил во жена, рече Давид.

Фото: Инстаграм/Давид/видео: Svetski Radio

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Редакција

Стејт департмент: Скопје и Софија да продолжат со дијалогот за решавање на разликите

Редакција

Прва Парада на гордоста во Македонија: И социјалните мрежи во боите на виножитото

Редакција