еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Посебни поволности за НЛБ кредитите овој февруари

Ако периодов размислувате за нови инвестиции и можности кои не сакате да ги пропуштите, тогаш новата кампања на НЛБ Банка Скопје може да ви помогне конечно да ги реализирате вашите планови преку нивната понуда на кредити за физички лица, информираат од таму.

Имено, сите физички лица кои во перидот од 1 до 29. февруари ќе се одлучат да аплицираат за потрошувачки, станбен, хипотекарен или автомобилски кредит преку НЛБ Банка, ќе можат да ја искористат поволноста и да ги добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.

Една од придобивките кои ги обезбедува НЛБ Банка Скопје за своите корисници е и поедноставната, брза постапка за одобрување на бараниот кредит. За одобрување на потрошувачки кредит е потребна само лична карта, без дополнителна документација, а за истиот може да се аплицира со посета на некоја од експозитурите на Банката или пак преку апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит кој е во износ до максимум 10.000 евра.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат во Зоолошка градина Скопје пристигнуваат пингвини

Редакција

Двегодишниот Михаил од Тетово за кого се собираше помош, на лекување во болницата во Белград

Редакција

(Фото) NESCAFÉ 3in1 ги унапреди условите за работа во библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје

Редакција