еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Двегодишниот Михаил од Тетово за кого се собираше помош, на лекување во болницата во Белград

Од вчера навечер во Белград, Србија на лекување замина Михаил Ристовски двегодишно дете од Тетово, чие семејство во декември од јавноста побара и доби донации со цел да се соберат средства потребни за болнички третмани.

Родителите Мирослав и Благородна на почетокот на декември за само една недела ги собраа потребниот износ на средства потребни за лекување по апелот даден преку медиумите.

– Освен за третмани со акупунктура во болницата, парите ќе се искористат и за други лекување во базен, физикална терапија во друга клиника или болница. Исто така парите ќе бидат искористени и за трошоци за пат, престој и се пропратно, изјави мајката на Михаил, Благородна.

Еден третман од лекувањето во болницата „Виталис“ во Белград, Србија треба да трае 10 дена, а потребни се повеќе сесии. Помеѓу две сесии треба да има еден месец пауза. Мирослав и Благородна освен Михаил имаат уште две ќерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Собрани парите за лекување на малиот Михаил од Тетово

Потребни се 15 илјади евра за лекување на дете со неполни две години

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледа Џевахир Мол Скопје

Редакција

Не споделувајте повеќе: Човекот што вчера се бараше во Ново Лисиче е пронајден

Редакција

Анди Исмаили од Гостивар светски шампион во современ танц за деца

Редакција