еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За сообраќајката кај Табановце се огласи српскиот музичар Ѓорге Давид: Удрив во пешак

За сообраќајката во близина на граничниот премин кај Табановце, се огласи српскиот рок-музичар и член на жирито на српското музичко шоу “Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорге Давид, кој според македонското Јавно обвинителство ја прегазил 49-годишната жена од Куманово, која почина на лице место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ја прегазил жената која почина во сообраќајката кај Табановце

По првичната сообраќајка помеѓу две возила, жената излегла од автомобилот на автопатот Куманово-Табановце, по што била удрена од возилото на Николиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 49-годишна жена загинала во сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце

Тој за Гранд потврдува дека удрил пешак на автопатот.

– Точно е, се случи несреќа синоќа на три километри од македонската граница. Наводно, девојка и нејзиниот сопатник излегувајќи од своето место влегле на автопатот во спротивната насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила со него.

Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката која го возела автомобилот и удрила во нивниот автомобил е полесно повредена. Меѓутоа, нејзиниот сопатник не.

По несреќата тие останаа на автопатот, едниот е на левата лента, другиот на десната и минута ипол потоа јас налетав со брзина пропишана со обележаното на автопатот и директно удрив во нив.

Со мојот автомобил удрив сопатник кој шеташе по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и тоа беше секунда. Јас налетав на таа личност која се шеташе по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силен автомобил, инаку не знам што ќе се случеше со мене, вели тој.

Полицијата брзо дошла да изврши увид, а како што објаснува врз него биле извршени сите прегледи за да се утврди дали бил во алкохолизирана состојба.

– Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанции, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. Потоа ме однесоа кај јавен обвинител, кој истакна дека во овој случај немам никаква вина.

Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која и настрада, вели тој и додава дека засега останува во Македонија за да ја испочитува процедурата во вакви случаи.

– Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од Обвинителството, нема да бидам во притвор, бидејќи немам вина, вели тој и додава дека сè уште не може да дојде при себе.

– Синоќа имав блага скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол. Имам два конци на левата рака поради исекотини. Му благодарам на Бог што имав силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Охрид во новогодишна атмосфера

Редакција

Издадени неколку работни дозволи за лица од Непал и Пакистан да работат во Македонија: Почна „увозот“ на работници

Редакција

Цела Македонија останува во фаза 4, подниво 3: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19

Редакција