еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина најмладата медицинска сестра, жртва на Ковид-19 вирусот

Следствено на 10 месечната борба со пандемијата, преоптоварениот здравствен систем, непочитување на превентивните мерки и затечени од лошата вест која ја примивме утрово би сакале да ја информираме јавноста за прерано згаснатиот живот на досега најмладата медицинска сестра – жртва на ковид вирусот, информираат од Унија на  Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и с томатолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од здружението „За нас“.

„Станува збор за 40 годишната сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“ во Скопје, која беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.

Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата.

Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности,“ велат од извршниот одбор на Унијата.

Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател.

„Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден.Ангелите никогаш не умираат,“ се додава во соопштението.

Фото: ЗМСТАС/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест лица од Дебар и еден странец во Битола се тестираат за корона вирусот

Редакција

За еден час работа во ЕУ најмногу се плаќа во Луксембург, 50,90 евра, најмалку во Бугарија, 8,20 евра

Редакција

Европската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, очекува висока базична инфлација

Редакција