еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Владата си „пукаше во колено“ со лош тајминг: Бугарија не оспорува, ние ќе ја спојуваме историјата

Лавина реакции во македонската јавноста предизвика најавата дека предметот историја ќе се спојува со останатите предмети од општествени науки. Тие се оправдани бидејќи Владата не можеше да избере полош тајминг за да соопшти за реформи во образованието.

Тие доаѓаат „малтене“ во ист ден кога се потврди ветото од Бугарија за првата меѓувладина конференција и кога ЕУ на некој начин како критериум за зачленување посочи на „погрешно толкување на историјата“.

Попусто се образложенијата од Министерството за образование и наука дека подготвува целосно нов модел на настава во кој ниту една научна дисциплина нема да се изгуби, туку ќе се смени концептот на кој учениците го изучуваат материјалот.

„На овој начин учениците подобро ќе ги разберат и запомнат темите кои ги изучуваат и притоа ќе ги развијат своите аналитички способности. Досегашниот модел на настава ги учи нашите ученици само на факти и не им овозможува да ги поврзуваат информациите и знаењата од различните дисциплини што ги изучуваат во основното образование.

Ова го докажуваат и ниските рангирања согласно домашните и меѓународните истражувања и извештајот на ОЕЦД за нашата земја. Токму затоа е особено важно да се воведе учење преку истражување, преку кое ќе го подобриме образованието и ќе негуваме креативни и иновативни ученици“, соопшти Министерството за образование и наука по реакциите од најавата дека историја нема да се изучува како посебен, туку како дел од општествени науки.

Прашање е што ќе истражуваат македонските ученици кога е во прашање историјата како предмет. Имено, идејата на оваа научна дисциплина е да се базира на факти, а не на самоволни заклучоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ако останеме без историја, ќе останеме и без географија“: Твитер реакции за спојувањето на предметот историја со општествени науки

„Погрешно толкување на историјата“ влезе во последната нацрт-верзија, но не како што бара Бугарија

Предметот историја за основно образование ќе се спои со општествени науки, најави Царовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Бугарија го потврди ветото, историската сега е огромна геостратешка грешка

Редакција

Времена забрана за ординацијата во која е третиран мажот кој почина од сепса

Редакција

Тежок удар: Египет ја порази Македонија со 38:19 на Светското првенство во ракомет

Редакција