еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се забрза ли изградбата на пругата: Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран”

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори.

Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Македонија, Бугарија, Албанија и Италија, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Активностите кон отпочнување со градба на најголемиот проект во железничката инфраструктура-изградба на пругата кон Бугарија, заедничкиот пристап на земјите од регионот како и потпишувањето на декларацијата Македонија, Бугарија, Албанија и Италија за модерно поврзување Исток – Запад беше препознаено од страна на Советот на министри за транспорт на Европската унија.

„Стратешките планови за изградба и модернизација на овој Коридор ги презентирав и во Европската Комисија во Брисел во рамки на 6-от Министерски совет на Транспортната заедница, чии домаќин беше комесарката за транспорт на ЕУ, Адина-Јоана Валеан.

Благодарност за Чешкото претседателство, силната поддршка од страна на комесарката за транспорт Валеан, министрите за транспорт од регионот и директрот на Секретаријатот на транспортната заедница, Матеј Закоњшек, кои дадоа сериозни аргументи за оваа многу значајна одлука„, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Со оваа одлука, како што е наведено во соопштението од Министерството за транспорт и врски, европскиот транспортен Коридор 8 како дел од Коридорот „Западен Балкан – Источен Медитеран“ ќе даде дополнителна додадена вредност и можност за посилен економски раст на регионот на Западен Балкан и Европската Унија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор меѓу приватниот превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот засега нема пари за подмирување на долговите

Редакција

Агенцијата „Партнер“ го доби тендерот на УЈП за привремени вработувања вреден 406.000 евра

Редакција

„Охридска банка“ значително ја зголеми добивката

Редакција