еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Излезноста до 17 часот е 44,18‚%, за 9% повеќе отколку на претходните претседателски избори

Според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) излезноста на претседателските избори до 17 часот е 44,18 отсто.

Најголема излезност има во Новаци од 67,19 отсто, а најмала во Пласница од 15,5 отсто.

Во споредба со првиот круг на преседателските избори во 2019 година, до 17 часот има поголема излезност од околу 9 отсто.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Струга вработува 30 лица, плата до 30.076 денари

Редакција

Каков имот пријавил Сашко Георгиев, новиот претседател на Судскиот совет

Редакција

Владата предлага продолжување на вонредната состојба за 30 дена

Редакција