еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пет лица се обиделе да убијат 33-годишен маж на Бит Пазар во Скопје

На 8. март околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, пет лица се обиделе да убијат 33-годишен маж, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Нападнатиот е со тешки телесни повреди, а напаѓачите биле приведени. Од нив двајца завршиле во притвор во затвор, а двајца во домашен притвор.

-Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за обид за убиство против пет лица во врска со кривично правен настан на 08.03.2024 околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога пет лица со остар и тврд предмет го нападнале М.А. (33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е. (30), И.Е. (27), Х.Е. (48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б. (20) од Скопје е лишен од слобода.

Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да ги поддржиме протагонистите од „Медена земја“ и да станеме дел од една светска приказна

Редакција

Се шират невистини и лажни информаци за банките, банкарскиот сектор е стабилен, велат од Народна банка и Македонската банкарска асоцијација

Редакција

(ВИДЕО) „Нема воздух, нема мир“: Младите им одржаа лекција на старите на масовниот еколошки марш во Скопје

Редакција