еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано, реагираат од Агенцијата за супервизија на осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) реагира дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

„По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност,“ се вели во соопштението од Агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регистрацијата на возилата поскапува за 15%, зголемена е цената на осигурувањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отпис на камати на долгови за 150.000 граѓани, најави Заев

Редакција

Усмртен пешак на патот Кичево-Охрид

Редакција

Македонските градежници со помалку работа во странство

Редакција